Поранешниот ракометар на Металург и миленик на пошироката спортска јавност, Жарко Марковиќ (27) е нов ракометар на шампионот на Европа, екипата на Хамбург, пишува на „Балкан Хандбал“.
По заминувањето на Лијевски и на Терзиќ, управата на Хамбург го ангажираше германскиот репрезентативец Адријан Фал, со кого Марковиќ ќе треба да ја дели минутажата на позицијата десен бек.
Марковиќ пред десетина дена го раскина договорот со екипата на Гепинген, поради финансиски проблеми во клубот.