Села: Во изминатите години во Струга се беше во функција на еден човек и неколку луѓе околу него

Од:

Новиот струшки градоначалник обвини за лошо владеење со градот од страна на изминатите структури кои беа на чело на општината.

Тој рече дека само за репрезентации од џебот на стружани во првите четири месеци од оваа година биле потрошени 1,18 милиони денари, додека во перидот од мај до јули откако тој е на чело на општината само 115000 денари

„Ние за десет пати повеќе ја зголемивме и наплатата од даноци, додека за десет пати помалку имаме направено трошоци како локална власт. Овие трошоци што ги имаат направено бившите структури во градот само се фактурирани, а не се наплатени. Сега ги плаќаме и парите за репрезентации од по 15000 и 20000 евра по рестораните низ градот што ги направиле претходните структури.Што значи дека јас ги плаќам сите тие фактури.Сето ова е најдобар начин на лошото владеење изминатите години во Струга“ рече Села.

Села рече дека кога дошол како градоначалник затекнал хаотична админстрација и дека се функционирало во интерес само на еден човек.

„Во досегашната систематизација беше наведено дека за да бидеш ракводител на сектгор треба да бидеш магистар. Ние не сме академија на науките ниту универзитет па да биде потребно некој да е магистер за да раководи со оддел. Се знае зошто е тоа направено и кој има приватен факултет факултет во Струга.Се знае дека се беше во функција на еден човек и неколкумина луѓе околу него, но таа ситуација повеќе нема да биде така“ рече Села.

Села на прес конференција од првите 100 дена од неговото работење зборуваше и за други нерегуларности во работењето на претходната локална власт во Струга.

Рече дека на сметка на општината во минатите години не влегол ниту денар од концесионирањето со паркинзите во Струга. Обвини дека Централниот регистар на Македонија не давал потписи за новите директори кои од негова страна биле назначени по училиштата во градот. Села најави дека ќе ја среди инфраструктурата во градот и во сите населени места без разлика дали таму живеат македонци или Албанци.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“