ВМРО-ДПМНЕ: Интерпелацијата за Џафери ќе покаже дали СДСМ на Ковачевски се води од демократските принципи или желбата за гола власт

Од:

„Интерпелацијата за Талат Џафери е поднесена и сега на потег се СДСМ на Ковачевски. Тие сега треба да покажат дали имаат доблест и истата да ја поддржат или ќе покажат дека поважна им е фотелјата, отколку демократските принципи. Талат Џафери со своето самоволие придонесе да се создаде хаос во Собранието. Тој ги понижи и пратениците и вработените во собранието и собранието како институција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Кршењето на Деловникот со заклучувањето на пратеници, примитивизмот и пцуењето на службеници, средбите со чеченски политичари кои се безбедносен ризик се само дел од скандалите кои тој ги предизвика. Со нив го погази угледот на законодавниот дом, го погази дигнитетот на Собранието и ја избламира Македонија на домашен и меѓународен план.

Од оваа интерпелација владејачкото мнозинство не може да бегаат.

Дојде време кога треба да покажат дали се за демократските принципи или се заложници на желбата за гола власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ