Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Босна и Херцеговина и ќе одржи низа средби со државниот врв, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР соопштија дека за време на посетата се очекува дискусиите да се фокусираат на „зајакнувањето на билатералната соработка, европската перспектива на Западен Балкан, Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), регионалната безбедност и стабилност, како и пошироките регионални случувања, вклучително и ситуацијата во Украина по руската инвазија“.
Шефот на грчката дипломатија минатата седмица ја започна балканската турнеја, ја посети Албанија, во средата беше во Северна Македонија, в четврток ќе биде во Србија, а следната седмица, во вторник и в среда ќе биде во посета на Црна Гора и Косово.