Во Министерството за земјоделство средба со винарите

Од:

Квалитетот на годинашното грозје, планираните количини за откуп и цените, беа само дел од темите на денешниот работен состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) со претставниците на винскиот сектор.

Како што соопшти МЗШВ, на состанокот станало збор и за досегашниот пласман на виното во ЕУ, регионот и новите пазари, Русија, Украина, Кина, за вкупните залихи, ефектите од субвенционирањето, поддршката на Министерството за покривање на транспортните трошоци на откупеното грозје од откупните пунктови до винарските визби (дополнителна мерка што беше воведена минатата година), како и за создавањето услови за организирана берба со цел избегнување берба во краток временски период.

– Во насока на додефинирање на повеќето моменти поврзани со откупот на винското грозје, МЗШВ ги повика претставниците на винскиот сектор максимално да се вклучат во процесот на подготовки на откупната сезона, за која, се информираше дека ќе постои целосна координација меѓу државните институции, но и со откупувачите и лозарите, информира Министерството.

МЗШВ најавува дека следните денови ќе организира состанок и со претставниците на легитимните здруженија на производителите на грозје околу организирањето на откупот и висината на откупната цена која, како пто побараа претставниците на винскиот сектор, треба да биде дефинирана во соработка со лозарите.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура и туризам: Не е точно тврдењето дека повеќе од една година не сме седнале на преговарачка маса со синдикатите

Синдикатот на културата на Република Македонија поднел претставка до Меѓународната организација на трудот

Предраг Петровиќ

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот