ВИДЕО: Голем пожар во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“ во Тетово

Од:

Утрово во Тетово изби голем пожар во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.

Според тековните информации, во пожарот нема повредени, но имало неколку интервенции кај задушени луѓе поради чадот. Сведоци велат дека градот е под црн облак, сообраќајот е прекинат и не може да се влезе во градот.

Поради пожарот, односно високото загадување на воздухот предизвикано од него, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи сите ученици да не одат на настава два дена.

Воедно, СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот. Оние кои имаат итна потреба да излезат на отворено се советуваат да носат заштитни маски.

Информациите од терен се дека хеликоптер на МВР е веќе во Тетово, но постојат различни мислења по однос на тоа дали веднаш треба да се интервенира од воздух.

„Проблем е што гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздух може да доведе до распламтување на пожарот бидејќи самата вода може да предизвика ширење на огнот. Побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата од воздух за пожарот да биде пресечен“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој додаде дека во моментот огнот е под контрола.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице