(ВИДЕО) Стоилковски: Се појави снимка од пукањето во Чаир, Спасовски и СДСМ да одговорат дали човекот во сина кошула е Ариф Асани втор човек во БЈБ

Од:

Цела недела министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, СДСМ и Владата молчат дали осуден на затворска казна, пука врз полиција и е ослободен заради интервенција на Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, обвини на денешната прес-конференција Наум Стоиклковски од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на пукањето во скопски Чаир.

Партискиот портпарол воедно посочи дека на социјалните мрежи се појавило видео од инцидентот направено од безбедносни камери.

„Сега Спасовски, Владата и СДСМ мора да одговорат дали е ова автентична снимка од пукањето во Чаир? Дали е ова снимка од безбедносната камера од системот ‘Сејф сити’ во Чаир? Дали лицето во сината кошула снимено од камерата на ‘Сејф сити’ е Ариф Асани, заменик директор на БЈБ? Дали сега и натаму ќе молчат и ќе го кријат случајот? Дали треба некој да биде смртно застрелан за да се отвори вистината за делувањето на МВР под Оливер Спасовски?“, посочи Стоилковски и запраша дали СДСМ и Владата се заложници на ДУИ само за гола власт.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки