Почнува 41. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“

Од:

На ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга вечерва почнува 41. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“.

Покрај домаќинот Струга, на 41. издание на турнирот ќе учествуваат македонските екипи Металург и Вардар, белорускиот Брест Мешков, романска Констанца и француските Иври и Версај.

Турнирот, како што истакна на денешната прес-конференција ракометниот репрезентативец и член на Металург, Наумче Мојсоски значи многу за Струга и за стружании и ќе помогне градот да живее во својот спортски дух.

– Турнирот многу значи за нас стружаните од каде почнавме сите, а сега се враќа на врвот од европскиот ракомет. Онаму каде што му е местото, изјави Мојсоски.

Тренерот на романскиот шампион Констанца, Ѕвонко Шундовски нагласи дека направил се што е во негова моќ за клубот да прифати учество на турнирот со цел промоција на македонскиот ракомет.

-Констанца е повеќекратен шампион на Романија, една респектабилна екипа, со што се зголемува квалитетот на Струшкиот ракометен турнир. Очекуваме добри натпревари, учествуваат врвни екипи што е добро за Струга, но пред се и за македонскиот ракомет, изјави Шундовски.

Учесниците на турнирот за струшкиот градоначалник Зијадин Села се амбасадори на Струга. Тој најави дека во иднина ќе се залага за поголема поддршка на спортските активности со што ќе се создадат подобри услови за развој на спортот. Турнирот, додаде Села, придонесува за развој на спортскиот туризам.

-Заедно ќе успееме Струга да биде се по присутна со вакви манифестации и градот да биде се повеќе присутен во туристичките мапи, рече Села.

 

Покровител на 41. меѓународен ракоемтен турнир е Агенцијата за млади и спорт, а спонзори се ЕЛЕМ, МЕПСО и општина Струга.

Струшкиот ракометен турнир е една од најзначајниот македонски спортски манифестации, која според најавите на организаторите, во иднина треба да прерасне во еден од најсилните клупски собири во Европа. За следната сезона се планира учество и на хрватскиот шампион Загреб КО, како и на по една екипа од Германија и од Унгарија со што турнирот во Струга би добил крајно квалитетен европски изглед.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa