СДСМ прашува дали 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ завршиле во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Аферата „Криминални парцели“, во која се проневерени околу 1,6 милиони евра ја тресе ВМРО-ДПМНЕ.Информациите објавени во медиумите отвораат сериозни прашања за кои јавноста со право очекува одговори од првиот човек на оваа партија, Христијан Мицкоски рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Последните објавени информации покажуваат дека дел од осомничените во аферата „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, како и на кампањата на градоначалничката Данела Арсовска. Ова е една од причините зошто Христијан Мицкоски треба да одговори на прашањето: Каде завршиле 1,6 милиони евра од аферата „Криминални парцели“ и дали е тоа во ВМРО-ДПМНЕ? Осомничениот Влатко Илиевски бил телохранител на Христијан Мицкоски и се појавува како донатор на ВМРО ДПМНЕ. Орце Тодоровски, е негов близок човек, партнер во бизнисот со хидроцентралите. Една од неговите донации изнесува 1 милион денари или околу 16.000 евра. Осомничениот Дарко Тодоровски бил поранешен советник во ВМРО-ДПМНЕ и се јавува како донатор на партијата. Еден од донаторите кој е и осомничен во оваа афера е Мирослав Митрески, син на екс градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Осомничениот Игор Гиевски е поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ вели Николова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски