Османи-Кулеба: Слободата на С. Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Од:

Во продолжение на својата посета на Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот домаќин, Дмитро Кулеба. Ова е нивна втора средба во само неколку недели.

Централна тема на разговорите беше руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност, соопштуваат од МНР.

„Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина, и Украина ја заслужува сета почит, помош и поддршка поради тоа“, изјави Османи, појаснувајќи дека државата од почеток се приклонила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.

Се разговарало и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание, согласно новата геополитичка и безбедносна динамика, известува МНР.

За време на својата посета во Киев, Министерот Османи ја реотвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Украина со што истата е ставена во полна функција.

„Ова не е само симболичка порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски