(ВИДЕО) Ковачевски: Ревитализација на големите хидроелектрани за долгорочна стабилност на енергетскиот систем

Од:

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 65 години од пуштањето во употреба на хидроелектраната Вруток.

„Токму денеска се навршуваат 65 години од почетокот со работа и од пуштањето во функција на хидроелектричната централа Вруток, која заедно со хидроелектричните централи Врбен и Равен, ја претставуваат целината на хидросистемот Маврово. Во 1957 година, кога започна работата на Вруток и кога се заокружи хидросистемот Маврово, се ставија во функција капацитети кои имаа улога да ја обезбедат енергетската независност на новосоздаденета македонска држава“, рече премиерот.

„Генерациите што го изградија хидросистемот Маврово ги задолжија сите наредни да се грижат таа енергетска независност да ја одржуваме низ сите години што следуваа и што следуваат. Соодветно на развојот на општеството и на потребите од енергија и како одговор на сите енергетски кризи со кои се соочуваме.

Денес, со сеќавањето на тој голем потфат, тука сме за да соопштиме дека во севкупните напори за долгорочно безбеден и стабилен енергетски систем, започнува ревитализацијата на големите хидроелектрани во Република Северна Македонија во сопственост на АД ЕСМ.

Со овој голем проект ќе бидат опфатени хидроелектраните Вруток, Врбен, Равен, Тиквеш, Шпилје, Глобочица, Козјак и хидроелектраната Света Петка.

Инсталираната моќност на овие хидро изнесува околу 85% од вкупната инсталирана моќност во хидроелектраните во Република Северна Македонија. Тие учествуваат со просечно производство од 1.280 гигават часови, односно обезбедуваат 20% од вкупното производство на електрична енергија во Република Северна Македонија.

Освен во делот на производство на електрична енергија, овие хидроелектрани имаат значајно место во управувањето и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем на Република Северна Македонија, регулацијата на напон и фреквенција, како и покривање на „дневните пикови“ во потрошувачката на електрична енергија“, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Елаборатите за малите хидроцентрали одат пред Уставен суд

Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина

Стопанска комора: Трите хидроелектрани на Маркова Река воопшто не се дел од ГОИЕ

А1он

Маркова река затрупана при изградбата на малите хидроцентрали тврдат екологистите

Катерина Ѓуровски

Реакција на екологистите: Ако ги игнорираме малите хидроелектрани тие нема да исчезнат

Катерина Ѓуровски

Екологисти: Малите хидроцентрали го уништуваат водоснабдувањето на Тетово, десетици илјади луѓе во опасност поради профит

Жарко Настоски