ФОТО: Министерот без ресор Џери Наумов во посета на Штип

Од:

Министерот без ресор Џери Наумов денес беше во посета на Штип, каде што оствари средба со градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, и претставниците на Економскиот совет на Општина Штип.

На средбата се разговараше за условите што Штип може да им ги понуди на потенцијалните инвеститори што сакаат да вложат дел од својот капитал во Македонија.

IMG_0067

„Лично сметам дека неговата посета има цел да ја согледа состојбата во општина Штип, односно можностите што им се нудат на инвеститорите, а потоа во неговите контактите со потенцијални инвеститори од Америка да ги запознае со можностите“, изјави Захариев по завршувањето на средбата.

IMG_0064

Претставниците на Економскиот совет ја искористија можноста уште еднаш да ја потенцираат потребата од забрзување на административните процедури за откуп на земјиштето, легализација на објектите и издавањето на дозволи за градба.
Министерот Наумов посети и неколку индустриски капацитети во Штип, меѓу кои и текстилниот комбинат „Македонка“, чии хали веќе со години се празни и надвор од употреба.

IMG_0066

Поради недоволното познавање на македонскиот јазик, министерот Наумов не сакаше да ги изнесе своите впечатоци од посетата пред новинарите.

IMG_0065

М.Р.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски