Стотици поддржувачи и членови на опозициската Комунистичка партија на Молдавија и на партијата „Шор“ се собраа на антивладин протест пред зградата на Владата во Кишињев.
Демонстрантите извикуваа „Оставка!“ и „Долу влада!“.
– На власт дојдоа неписмени и неспособни лица… Ние сме тука за да кажеме: „Оставка!“, изјави пред присутните, пратеничката Елена Бондаренко.
Таа додаде дека една година по доаѓањето на власт на Партијата за акција и солидарност, гледаат само „сиромаштија и раст на цени“.
Претходно, слични собири се одржаа и пред Парламентот и пред некои министерства.
Протести одржа и опозициската Социјалистичка партија на Република Молдавија, барајќи оставка од Владата на Наталија Гаврилица и на претседателката Маја Санду.
Извор: МИА