Погреб во вселената за две илади долари

Од:

Човечката фасцинација од Вселената од година во година се зголемува, а понекогаш станува и бизарна како во случајот со американската фирма „Елисиум Спејс“, која испраќа кремирани останки од починати во Земјината орбита.

Резервациите веќе почнаа за првиот „меморијален вселенски лет“, кој ќе се одржи наредната година во Кејп Канаварел.

Вселенскиот брод со кремирани останки во капсулата после лансирањето ќе помине неколку месеци во Земјината орбита, за после летот да изгори во Земјината атмосфера.

Најблиските по пат на апликации ќе можат во секој момент да дознаат за точната локација на капсулата, а поранешниот НАСА инжинер Томас Кивет, основач на „Елисиум Спејс“ ја објасни неговата идеа:

– Овој проект ќе ги заинтересира луѓето кои ја сметаат Вселената за посебно и преубаво место.

Меѓутоа, фирмата на Кивет не е единствена која се занимава со „меморијални вселенски летови“. Компанијата „Калестис“ нуди слични услуги за малку повеќе пари – околу пет илјади долари, а во нивната понуда имаат и поевтини летови (илјада долари) кој подразбира достигнување нулта гравитација и враќање на Земјата.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ