Ноќеска, два часа по полноќ, во пекарата „Феникс“ лоцирана на ул.„7 Ноември„ во Охрид , дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Љ.С.(38), кој во алкохолизирана состојба најпрвин вербално ги нападнал присутните, а потоа им се заканувал и со нож, скршил една витрина и физички го нападнал сопственикот на пекарата Љ.С.(42).
Пријавениот е приведен во полициската станица Охрид каде е алкотестиран, при што е утврдено 2,76 промили алкохол во крвта.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.