ВМРО-ДПМНЕ: И вака оркестрирано обвинителство од СДСМ не можеше да најде ништо спорно кај Мицкоски

Од:

„Со новите кривични пријави на органите на прогон излезе на површина и виделина дека и вака оркестрираното обвинителство не можеше да најде ништо спорно кај лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наспроти невистините диригирани од центрите под контрола на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме, СДСМ е партија која е осуден за клевета и лажни вести. СДСМ според пресудата на Основниот суд треба да му се извини на Претседателот Мицкоски за тоа што шири лажни вести и невистини.

Доколку имаше и најмал сомнеж, партиските обвинители и инспектори кои работат исклучиво по нарачка на СДС ќе направеа голем скандал од случајот. Наспроти тоа се докажа дека со месеци наназад центрите на СДСМ ја лажеа јавноста за што не е прв пат, исто како што нема да биде прв пат потребата да се извинуваат поради тоа.

Посоченото лице во случајот никогаш немал работен однос во ВМРО ДПМНЕ, а се друго преставува фабрикувана и злонамерна лага од СДСМ да се одвлече вниманието од инфлацијата, поскапените производи, сиромаштијата, неуспесите на владата.

За разлика од СДСМ јасно кажуваме дека секој кој се огрешил прес законот треба да одговара низ законита и транспарентна постапка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ