Во Сирија тешко ранет и синот на убиениот Ниметула од Грчец

Од:

18 годишниот Бунјамин Имери, син на убиениот Ниметула, е тешко ранет во Сирија, јавува порталот Алмакос.

Таткото и синот, според информациите на порталот, пред две-три недели заминале и се бореле на страната на бунтониците против сирискиот председател Башар ел Асад.

Пред неколку денови беше објавено дека Ниметула загинал, а во најновата вест на Алмакос се наведува дека во престрелката покрај Ниметула тешко бил ранет и неговиот 18 годишен син.

Би можело да ве интересира

Едно лице е повредено во ракетен напад врз сирискиот главен град

Ал-Шара од Москва ќе бара да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Нетанјаху: Израел нема намера да се откаже од тампон зоните во Сирија

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници