Белата чума го покорува Прилеп

Од:

Прилеп, Битола и уште 7 општини во Пелагонискиот регион се наоѓаат на црната листа, a особено загрижувачки се податоците за овие две општини за нивото на природниот прираст. Имено, минатата година во Прилеп починале 897 лица, а се родиле 773 бебиња со што Прилеп има негативен прираст од 124 лица.

Македонските демографи предупредуваат дека во последните неколку години нашата држава бележи негативен природен прираст, што за земја со два милиона жители подразбира изумирање на нацијата. Статистиките покажуваат дека белата чума сериозно го загрозува и градското население, а не само руралното.

Негативниот прираст најсилно е изразен во големите македонски градови на југозападна Македонија, а апсолутен рекордер е Битола. Според податоците на Државниот завод за статистика, по Битола, Прилеп се наоѓа на второто место на оваа листа со 90 починати повеќе од бројот на новородените оваа година. Опаѓа бројот на бракови во Прилеп, а расте бројот на разводи, покажуваат официјалните податоци од Заводот за статистика. Жителите на Прилеп тврдат дека невработеноста е основната причина за опаѓањето на наталитетот.

Според податоците на Заводот за статистика, во регионот владее голема депопулација, што е последица на фактот дека за една декада наталитетот е преполовен.

 

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај