Мишел убеден дека санкциите против Русија ќе бидат решени до 30 мај

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека е убеден оти сите прашања поврзани со предложената забрана за увоз на руска нафта ќе бидат решени до следниот состанок на Советот на 30 мај.

Тој на заедничката прес-конференција со шведската премиерка Магдалена Андерсон во Стокхолм изјави дека, иако се уште е убеден дека ЕУ ќе може да ги реши сите прашања, за тоа ќе треба многу дијалог.

– Работиме многу напорно за да останеме обединети, нагласи Мишел.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно испрати писмо до Мишел, во кое се наведува дека предложените санкции на ЕУ, кои вклучуваат ембарго на руската нафта, не треба да се дискутираат на самитот на лидерите на ЕУ следната недела.

Во писмото, Орбан наведува дека е малку веројатно да се најде решение за предложените санкции до самитот на лидерите на ЕУ.

Тој нагласи дека Унгарија не може да се согласи со предложените санкции додека не се решат сите отворени прашања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море

На потег е Западот, Москва дополнува: Пораката од Путин е јасна и многу важна

Предраг Петровиќ

Големо предупредување од Путин: Тоа ќе значи војна

Предраг Петровиќ