УНХЦР: Во светот има над 100 милиони присилно раселени лица

Од:

Војната во Украина е еден од факторите што принуди неколку милиони луѓе да избегаат од своите домови, соопшти УНХЦР, додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго се дополнителните фактори што стојат зад бројката од неколку десетици милиони прислно раселени лица.

-Ова е рекорд што никогаш не требаше да биде поставен, рече високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивните конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат основните причини што ги тераат невините луѓе да ги напуштат своите домови“, навдува тој во изјавата.

Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и раселени во нивните земји.

Минатата недела УНХЦР соопшти дека бројот на внатрешно раселени лица достигнал рекордни 60 милиони до крајот на минатата година.

Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, додавајќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.

-За да се смени овој тренд, единствениот одговор е мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да се коцкаат помеѓу акутна опасност дома или несигурно бегство и прогон, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

УНХЦР: Над осум милиони лица ја напуштија Украина од почетокот на конфликтот

УНХЦР: Повеќе од седум милиони бегалци ја напуштија Украина

А1он

Медитеранските земји очекуваат повеќе од 150.000 мигранти

Ана Ололовска

УНХЦР: Во 2021 година над 3.000 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат во Европа

А1он

УНХЦР: Над 3,5 милиони лица избегаа од војната во Украина

А1он

УНХЦР: Речиси три милиони луѓе избегаа од борбите во Украина

А1он