Палестинците кои лани побегнаа од израелски затвор осудени на пет години

Од:

Суд во Израел денеска осуди на пет години затвор шестмина палестински затвореници кои минатата година побегнаа од добро чуван затвор.

По бегството од затвор во северен Израел, во тој дел од земјата и на окупираниот Западен Брег беше организирана голема потера по бегалците, членови на палестинските екстремистички организации, а неколку дена подоцна беа фатени.

Храброто бегство предизвика остри критики за израелската затворска служба, а владата започна истрага.

Палестинските затвореници избегаа низ тунел кој со месеци незабележано го копале по подот од нивната заедничка ќелија и успеаја незабележано да поминат покрај чуварот кој спиел додека излегувале низ отворот надвор од затворот.

Судијата рече дека го земал предвид фактот што поради бегство земјата со денови била парализирана и цената на повторното апсење, како и штетата направена по јавната безбедност, бидејќи избеганите затвореници се осудени на доживотен затвор за тешки кривични дела.

Петгодишната казна ќе го вклучи времето што затворениците веќе го поминале во затвор, а петмина други затвореници се осудени на по четири години бидејќи им помогнале да избегаат. Израелските власти шестмината бегалци ги сметаат за терористи.

Петмина се од екстремистичкиот исламски џихад, од кои четворица отслужуваат доживотни затворски казни.

Шестиот, Закарија Зубеиди, е член на секуларната Фатах, организација на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Зубеиди беше водач на екстремистите за време на второто палестинско востание, интифадата, против израелската окупација во раните 2000-ти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци