Кирил Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај, каде се очекува да биде примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско.

Аудиенцијата кај папата Франциско, како што објавија бугарските медиуми, е планирана за 23 мај, по што Петков веднаш ќе се врати во Бугарија.

Оваа година делегацијата требала да биде предводена од претседателот на Парламентот Никола Минчев но тој го отстапил својот ред на Петков, кој сакал на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј да демонстира единство со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и тоа да послужи како знак за симнување на ветото на Скопје.

Идејата на Петков била на 24 на аудиенцијата кај папата со Ковачевски заедно да добијат благослов од папата.

Претходно било планирано на 22 мај заедничка владина седница во Скопје, но е откажана.

Ковачевски пред неколку дена изјави дека нема усогласено заедничко решение што ќе послужи како основа на билатерален договор.

Минатата година преседателот Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега Румен Радев заедно патуваа во Ватикан.

Во 2018 година и тогашните премиери на Бугарија и на Северна Македонија Бојко Борисов и Зоран Заев заедно го чествуваа делото на Свети Кирил и Методиј. Тие ја посетија црквата „Санта Марија Маџоре“ и базиликата „Сан Клементе“, каде за првпат бугарски и македонски премиери заедно оддадоа почит пред гробот на Свети Кирил.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски