Мајмунски сипаници се појавија и во Канада

Од:

Канадската служба за јавно здравје ги потврди првите два случаи на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, откако властите во провинцијата Квебек соопштија дека истражуваат 17 сомнителни случаи додека бројот на заразени расте во Европа и Северна Америка.

Неколку земји, вклучително и Португалија и Шпанија, пријавија случаи на мајмунски сипаници во последните недели, а еден случај од Соединетите Држави се однесува на маж кој неодамна отпатувал во канадската провинција Квебек.

Мајмунските сипаници, кои досега беа забележани главно во Западна и Централна Африка, се ретка вирусна инфекција, слична на големите сипаници, иако во поблага форма. Вирусот првпат беше регистриран во ДР Конго во 1970-те, а бројот на случаи во Западна Африка се зголеми во изминатата деценија. Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип на телото кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто