Германскиот министер за здравство предупредува дека пандемијата на коронавирусот не е завршена

Од:

Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Северна Кореја, но и во делови од Европа.

– И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.

Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји.

Американскиот министер за здравство Ксавиер Би сера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад