2014 година ќе биде запаметена по бумот во индустријата, што според најавите треба да го направат паметните часовници. Apple, Samsung и другите гиганти ќе ги објават на светот своите сопствени ‘компјутери’ погодни за носење на рака.
Производителите ќе испорачаат повеќе од 5 милиони уреди, зголемување за 900% од бројката на уреди што Canalys очекува да бидат испорачани оваа година.
Canalys тврди дека многу од паметните часовници кои ќе бидат објавени следната година ќе имаат важни нови карактеристики вклучувајќи “актуелни информации, интеграција преку сензори и нови веб-услуги“ кои овие уреди ќе ги направат многу попосакувани за потрошувачите отколку претходните модели на паметни часовници.