ВМРО-ДПМНЕ: Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, СДСМ пет години не направи ниту еден објект

Од:

Над 2400 дечиња чекаат за прием во градинка во Скопје, места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект.Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини затекнаа состојба во која стотина дечиња од секоја општина се на листа за чекање за прием во градинка велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Места нема затоа што СДСМ 5 години не направи ниту еден нов објект. Ситуацијата со недостаток на места за сместување не може да се реши преки ноќ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во сите скопски општини веќе засилено работат на нови градинки, и се очекува проблемот за година дена од сега да биде помал. Работата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на полето на градинките ја опструира централната власт, од каде не даваат согласност за нови вработувања и го кочат процесот во целост. СДСМ ја злоупотребува централната власт да им прави сопки на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и ова е една од причините поради која мора да имаме предвремени парламентарни избори час поскоро. Со влада на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе се насочи на раст и развој и нови проекти, наместо на стагнација и криминал како до сега се вели во соопштенето од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина