Жерновски: Реакцијата на ВМРО е навреда за граѓаните и доказ дека партијата е во криза

Од:

Ова т.н. сооштение е вистинска навреда за граѓаните на нашата држава. Деградирајќи се себеси со ваков текст, владеачката партија недвосмислено покажува дека влегува во сериозна криза, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски како коментар на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на резултатите од ревизијата на проектот Скопје-2014.

– Прибегнато е кон општи и чисто политички заклучоци и фрази, без правна поткрепеност. Како и да е, подготвени се и институциите и партијата и поединци кои работеа на проектот да одговараат поединечно за сите точки наведени на пресот, колку и да се тие општи и политички и тоа ќе го направат за кратко. Ако имаше нешто незаконско веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играа оро на чело со Бранко Црвенковски, а вака само се сплеткаа во сопствените погрешни очекувања, и откога не најдоа ништо незаконски, излегоа со паушални оценки без директно посочување кој и што конкретно направил надвор од законот. Колку само апсурдна беше нивната прес-конференција покажуваат и целиот куп на гафови и глупости кои ги кажаа од типот дека „не смеело да се градат мостови – изјавија од ВМРО-ДПМНЕ и ја повикаа општина Центар веднаш да поднесе пријави.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска