Утрово околу 9 часот и 30 минути во Дунав во Белград, во месноста наречена Ада Хуја, пронајдено е тело во распаѓање. Се претпоставува дека тоа би можело да биде Матеј Периш.
До телото биле пронајдени часовник и мобилен телефон. Како што засега е познато, нема траги на насилство.
Младиот човек носел фармерки, маица со слика и бела патика, која одговара на гардеробата која сплиќанецот ја носел ноќта на неговото исчезнување. ДНК ќе потврди дали е Периш. Пронајден метален часовник на раката и во џебот.
Обвинителството нареди вештачење на се што е пронајдено и ДНК анализа“, изјави извор од Обвинителството за Телеграф.
Во меѓувреме се огласи и белградското обвинителство.
– Тело на млад човек, засега неидентификувано, утрово е пронајдено во Дунав кај Ада Хуја, не е позната причината за смртта. МВР и Вишото јавно обвинителство во Белград навремено ќе ја информираат јавноста за резултатите од анализите направени од Институтот за судска медицина“, велат од Вишото јавно обвинителство за Телеграф.