Таткото на Матеј Периш, Ненад, за Телеграф.рс потврди дека српската полиција го известила дека во Дунав кај Ада Хуја е пронајдено тело на млад човек, кое според описот и гардеробата одговара на неговиот син.
„Треба уште да се споредува ДНК, но во однос на облеката, младиот човек е со гардероба која одговара на таа што ја носел Матеј. Тоа можам да ви кажам, немам ништо друго засега. Многу ми е тешко и очекувавме некоја посреќна информација, но секоја вистина е вистина со неа јас и моето семејство мора да се соочиме. Така е, не можам да кажам ништо повеќе. Многу ми е тешко. Ќе дојдам во Белград“, изјави Ненад Периш.