СДСМ: Преку дијалог со СОНК до решенија и најголемо покачување од 15 отсто на платите во образованието

Од:

И во услови на најголема економска и енергетска криза, СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднување на трудот на работниците, преку отворен и инклузивен дијалог. Потврда дека само преку социјален дијалог може да се дојде до решение е постигнатата согласност меѓу Владата и СОНК за најголемо покачување на платите во образованието за 15 отсто велат од СДСМ.

– Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. За споредба, само до пред 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без светска економска и енергетска криза. Покачувањето согласно ова решение ќе се реализира од септември годинава, а сите просветни работници кои штрајкуваа ќе им бидат исплатени платите во целост. Следува дефинирање на методологијата за континуиран раст на платите со што ќе го заштитиме стандардот на наставниците и ќе овозможиме континуиран раст на платите, без тоа да зависи од нечија политичка волја. СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците се вели во соопштенето од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ