Гаснењето на пожарот кој веќе десет денови е активен на подрачјето на Јабланица во Босна и Херцеговина, поради стрмниот терен можно е единствено од воздух, односно со хеликоптери и канадери, соопшти Владата на Федерацијата на БиХ.
Владата на БиХ побара од Министерството за безбедност секојдневно да ангажира два хеликоптера за гаснење на двата пожара во Општина Јабланица.
Гаснењето на пожарите е оневозможено поради непристапниот терен, како и поради опасноста од лизгање на земјиштето.