„Опел“ воведува нов 1.0-литарски трицилиндричен мотор

Од:

Tрицилиндричниот 1.0-литарски турбо-бензински мотор на „Опел“ ќе ја има својата светска премиера на саемот на автомобили во Франкфурт.

Во оваа компанија велат дека новиот агрегат претставува подобрување во поглед на намалување на вревата и вибрациите, кога станува збор за мотори со три цилиндри.

Развивајќи 115 кс (85 кЊ), овој мал мотор донесува и висок обртен момент од 166 Нм, што е достапен во распон од 1.800 до 4.700 о/мин.

Во „Опел“ велат дека иако е со мала големина, 1.0-литарскиот СИДИ (Spark Ignation Direct Injection) турбо мотор генерира повеќе обртен момент отколку некои други подеднакво силни мотори со поголема запремнина, додека економичноста во потрошувачката на гориво е подобрена за 20 отсто во однос на актуелниот 1.6-литарски атмосферец.

Блокот на моторот е изработен од алуминиум, така што за околу 30 отсто е полесен од неговиот актуелен пандан.

– Во текот на работата на овој мал мотор, не само дека сакавме да ја минимализираме потрошувачката на гориво и емисијата на ЦО2, туку сакавме да покажеме дека трицилиндричните мотори можат да бидат подеднакво префинети во работата како оние со четири и повеќе цилиндри, изјави Матиас Алт, главен инженер во „Опел“ задолжен за малите бензински мотори.

Новата погонска единица ќе почне да се вградува од 2014 година во моделот „Опел АДАМ“, заедно со новиот шестбрзински мануелен менувач, дизаниран за примена при средни величини на обртен момент.

Лансирањето на новиот 1.0 СИДИ турбо мотор и соодветниот шестстепен менувач е најновиот чекор во обновата на палетата на погонски системи на „Опел“.

Во рамки на оваа програма предвидено е појавување на три нови линии со 13 поединечни мотори во периодот меѓу 2012 и 2016 година, со нови преносни системи.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска