Исламистички екстремисти,во текот на последните денови на минатата недела, во североисточниот дел на Нигерија убиле 56 лица.
Во напад врз џамија загинале 44 лица, а 12 други во напад врз друго село, соопштија локалните власти.
– Вооружени мажи, за кои се претпоставува дека се членови на вооружената исламистичка група „Боко Харам“, влегле во џамијата и отвориле оган, убивајќи 44 муслимани, посочи член на владата, кој побара анонимност.
Истиот извор дополни дека нападот се случил во неделата во селото Конгуда.
Од мај во североисточниот дел на Нигерија е прогласена вонредна состојба. Армијата води жестока офанзива за да ја уништи „Боко Харам“.
Во нападите и атентатите на „Боко Харам“ и соодветните напади на силите за безбедност од 2009 година се загинати најмалку 3.600 лица, посочуваат француските медиуми.