Германскиот производител на автомобили „Опел“ најави дека на есенскиот Саем во Франкфурт премиерно ќе го претстави кабриолетот Каскада со 200 коњски сили.
Опел Каскада ќе биде опремен со новиот 1,6 литарски СИДИ турбо ЕкоТек бензински мотор со 200 коњски сили, што е за 30 коњски сили повеќе од моментално најсилниот мотор што може да се добие со моделот.
Просечната потрошувачка изнесува 6,7 литри со просечна емисија на штетни гасови од 158 грама на километар. Атрактивниот кабриолет со 200 коњски сили развива максимална брзина од 235 километри на час.
Друга новина од Опел во однос на понудата на мотори претставува трицилиндерскиот СИДИ турбо бензински мотор, кој равива 115 коњски сили и се очекува да биде првично вграден во Опел Адам.