Украина тврди дека Русите фрлиле фосфорни бомби на Азовстал

Од:

Членот на Градското собрание во Мариупол, Петро Андриушченко на Телеграм објави видео од руски напад врз челичарницата Азовстал на кое наводно се гледа дека се употребени фосфорни бомби.

Видеоснимката не е потврдена од независни извори.

Според Андриушченко челичарницата Азовстал во Мариупол била нападната со фосфорни бомби по победата на украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија“ на Евровизија.

Андриушченко напиша „Пеколот дојде на Земјата. Во Азовстал“.

Фосфорните бомби се палат при контакт со кислород и предизвикуваат огромна штета. Нивната употреба во населени места е забранета со меѓународното право.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск