Република: Тајните преговори помеѓу руските и украинските генерали за ЕУ се зрак на надеж

Од:

Во круговите на Европска Унија сознанијата за тајните преговори помеѓу руските и украинските генерали на клучни позиции претставуваат „зрак на надеж“, за прекин на војната во Украина, објави италијанскиот весникот Република.

– Тие најдобро знаат како да го расплетат замрсеното воено клопче, наведе римскиот дневен весник.

Република истакнува дека „контактите меѓу овие офицери ќе им дадат одредена надеж на Европејците“, иако од Вашингтон доаѓаат процени од американските разузнавачки и безбедносни извори дека рускиот претседател Владимир Путин „се подготвува за долга војна“ во Украина.

Според италијанскиот весник во ЕУ со голема загриженост размислуваат како да се спречи разгорувањето и особено ширењето на војната во други области. Република истакнува дека Брисел се сомнева дека Кина веќе почнала да и испорачува оружје на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва