Pirate Bay со свој прелистувач

Од:

Pirate Bay за својот десетти роденден издадоа свој веб прелистувач наречен PirateBrowser во комбинација со Tor сервисот и неколку proxy конфигурации за подобро вчитување на страниците, пренесе Ентер.

На тој начин Pirate браусерот успешно ги „зезнува“ цензурите и блокадите на вашите IPS-и, а интерфејсот е идентичен со оној на Firefox, со додадени букмарци до Pirate Bay, EZTV, KickassTorrents, Bitsnoop и H33T.

Pirate Bay истакнуваат дека овој прелистувач е само почеток на нивните заложби против цензурата на интернетот, и во блиска иднина планира да претстави и специјален прелистувач ориентиран на BitTorrent протоколот и им овозможува на корсниците самите да дистрибуираат содржини кои ќе ги складираат на PirateBay, или на останатите веб страници.

Теоретски, овие сервиси би овозможиле активни надградување на содржините без јавно видливи страници. Таквото организирање го прави блокирањето или затворањето на одредени веб страници тотално невозможно.

PirateBrowser моментно е достапен само за Windows-ите, a наскоро се очекуваат и Mac и Linux верзии.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска