Пред 115 години Френк и Чарлс Сејберлинг во Акрон ја отвораат гумарската компанија Goodyear Tire & Rubber Company, именувана во чест на Чарлс Гудијар, кој во 1839 го развил процесот за вулканизирање на гумата.
Goodyear денес е светски производител на гуми.
Goodyear е најуспешниот снабдувач на гуми за Formula 1 во историјата на натпреварувањето со најмногу стартови, индивидуални и тимски победи од секој друг гумарски производител кој учествувал во циркусот. Брендот излегува од Formula 1 по сезоната 1998, а во моментов е ексклузивен снабдувач на гуми за сериите NASCAR.