Канцеларот Олаф Шолц вети „целосна поддршка“ од Германија за кандидатурата на Финска да се приклучи на НАТО, откако претседателот и премиерот на нордиската земја изјавија дека се „за“ без одлагање за пристапување во Алијансата.
„Ја поздравувам одлуката на Финска да се изјасни за итен пристап на земјата во НАТО. Во телефонскиот разговор со претседателот (Саули) Ниинисто, ја уверив Финска за целосната поддршка од германската влада“, напиша Шолц на Твитер.
Извор: МИА