„Хабанос С.А.“ со рекордна продажба на цигари и пури во 2021 година

Од:

Кубанската државна фабрика „Хабанос С.А.“ соопшти дека во 2021 година забележала рекордна продажба на рачно изработени цигари и зголемување на приходот за 15 проценти во споредба со претходната година.

Кубанските рачно изработени пури, вклучувајќи ги и брендовите како „Кохиба“, „Монтекристо“ и „Партагас“ важат за најдобри во светот. Најголем пазар за кубанските пури се Шпанија, Кина, Германија, Франција и Швајцарија.

Куба не може да ги продава своите познати пури на најголемиот пазар во светот, САД, поради ембаргото, што е во сила со децении.

„Хабанос“ најави дека цигарите ќе имаат иста цена насекаде во светот. Компанијата истакна дека поголемиот број цигари и пури ќе се продаваат по 100 американски долари по парче.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД