„Сименс“ конечно одлучи да го напушти рускиот пазар

Од:

Германската мултинационална компанија „Сименс“ најави дека ќе го напушти рускиот пазар, придружувајќи им се на стотиците компании што се повлекоа од Русија поради војната против Украина.

„Компанијата почна процес на затворање на индустриските операции и сите индустриски активности“, се наведува во соопштението на „Сименс“.

Корпорацијата со околу 3.000 вработени во Русија, го суспендираше целиот нов бизнис во меѓународните испораки во Русија и Белорусија по почетокот на војната во февруари.

„Сеопфатните меѓународни санкции, како и сегашните и потенцијалните контрамерки, влијаат на деловните активности на компанијата во Русија, особено на железничките услуги и одржувањето“, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он