(ВИДЕО) Стојаноски: Пратениците на СДСМ не ја заработуваат ниту платата, тие се само гласачка машина на Заев, Ахмети и Ковачевски

Од:

„Пратениците на СДСМ не си ја заработуваат ниту платата. Во период од јули до декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале три пати повеќе активности од тие на СДСМ. Во споменатиот период пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 109 дискусии во Собранието, наспроти 36 од страна на СДСМ. Идентично е и во бројот на репликите каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат 127 реплики, додека тие на СДСМ имаат 83 реплики“, рече Бојан Стојаноски, пратеник.

„Исти се и бројките кога ќе се погледне соодносот на власта и опозицијата. Имено партиите од опозицијата имаат 128 дискусии во периодот јули – декември 2021 година, наспроти 54 на тие од власта. Соодносот кај репликите е 130 наспроти 93.

Бројките од активностите во Собранието покажуваат дека пратениците од СДСМ и ДУИ не си ја работат работата и не си ја заработуваат ниту платата.

Оваа статистика покажува колку пратениците на СДСМ и ДУИ се само марионети на Заев и Ковачевски, наместо пратеници кои ќе креираат законски решенија тие се гласачка машина за Заев и Ахмети и сега нивниот администратор Ковачевски.

Тие треба да ги изгласаат сите штетни закони за државата и народот, а кои му носат профит на врвот на СДСМ и ДУИ како што е законот со кој се уредува одгледувањето на канабис и дозволата на извоз на чист цвет, наместо масло. Или пак како што е законот за создавање на паралелна видеолотарија проект кој го туркаше Груби, а за кој што граѓаните на Тетово, Гостивар и други места се изречно против.

Затоа е и нервозата кај СДСМ и ДУИ бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и до сега се спротивставија на сите штетни закони и не дозволија нивно проаѓање во Собранието, но тоа ќе биде скоро и невозможно во наредниот период. Со активната блокада нема да дозволиме ниту најмала шанса да поминат лоши закони и ќе ја притиснеме власта на избори.

Од друга страна пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со предлагање на законски решенија за подобар стандард на граѓаните“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ