Функционери од Нова демократија незадоволни од средбата Венизелос-Попоски

Од:

Високи функционери од грчката владејачка партија Нова демократија на Андонис Самарас изразиле незадоволство од средбата на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, јави дописниот на МИА од Атина.

– Неодамнешниот состанок со неговиот колега од Македонија Никола Попоски во врска со прашањето за името на соседната земја, предизвика негативни коментари во редовите на Нова демократија, затоа што Венизелос ја преминал тврдата линија на Андонис Самарас и се движи во друга бранова должина, коментираат познавачите на приликите.

Извори од ПАСОК тврдат дека високи функционери на Нова демократија не се задоволни од иницијативите кои Венизелос ги презел во последно време како министер за надворешни работи, ниту од неговата „дипломатска агенда“.

Попоски и Венизелос се сретнаа на 22 јули во Советот на Европската унија во Брисел, при што, како што соопшти македонското МНР, разговараа за перспективите за напредок во евроинтеграциите под тековното литванско и следното грчко претседавање со ЕУ, изгледите за динамизирање на дијалогот околу разликата за името, перцепциите за различната политичка приоритетност на спорот во двете земји и ефектите од должничката и економската криза на билатерално и регионално ниво.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната