Поранешниот претседател на Хондурас пред Судот во Њујорк треба да се изјасни по обвинувањата за трговија со дрога и оружје

Од:

Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, се очекува денеска пред Федералниот суд на Менхетен да се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со дрога и оружје што против него ги покрена Американското јавно обвинителство, соопшти неговата одбрана.

Судските власти во САД го обвинуваат поранешниот американски сојузник дека примил милионски суми во долари од шверцери на дрога за заштита од прогон во периодот додека ја вршеше функцијата претседател на Хондурас од 2014 година до јануари годинава. Обвинителството цени дека Хернандез ги трошел парите за лично богатење, но и за финансирање на неговите изборни кампањи.

Моментално против него се покренати обвиненија за три кривични дела, меѓу кои и заговор за увоз на кокаин, како и за поседување оружје.

Хернандез ги отфрли обвинувањата, прикажувајќи се себеси како жесток противник на нарко-картелите и обвинувајќи ги трговците со луѓе дека го валкаат неговото име како одмазда и за да издејствуваат полесни казни.

Рејмонд Колон, адвокатот на Хернандез, рече дека неговиот клиент е невин и го нарече случајот „одмазда затскриена зад маска на обвинителството“.

Полицијата во Хондурас во февруари годинава го уапси Хернандез месец дена откако ја напушти претседателската функција. На барање за екстрадиција тој на 21 април беше предаден на американските власти и префрлен во САД. Судските власти во САД му изрекоа мерка притвор се до почетокот на судскиот процес.

Судот во Менхетен минатата година го прогласи Тони Хернандез, помладиот брат на Хернандез и поранешниот конгресмен во Хондурас, виновен по обвиненијата за трговија со дрога и му изрече доживотна затворска казна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уличните банди стојат зад бунтот во затворот и масовното убиство во Хондурас

Најмалку 41 лице загина во бунт во женски затвор во Хондурас

Хондурас ги прекина врските со Тајван и отвори амбасада во Кина

Ана Ололовска

Хондурас поради проблеми со бандите суспендираше некои уставни права

Силен земјотрес го погоди Хондурас

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Хондурас уапсена шефица на картел за која САД нудеа пет милиони долари

Ана Ололовска