Силен тајфун ги погоди Филипините, како исчезнати се водат 23 рибари

Од:

Силниот тајфун Утор го погоди денеска северниот дел на Филипините, уривајќи електрични столбови и носејќи поројни дождови на планините, во градовите и на полињата со посеви, а најмалу 23 рибари се водат како исчезнати.

Утор, кој е најсилениот тајфун оваа година во светот, го погоди брегот на планинската источна провиција Аурора со брзина на ветрот меѓу 175 и 210 километри на час.

Околу илјада жители на централниот регион Бикол ја минаа ноќта во засолништа, додека провинцијата Аурора остана без електрична енергија, соопшти националната филипинска Агенција за природни катастрофи.

Ветрот корнел покриви, додека покриениот кошаркарски терен во местото Диналунган е избришан од земјата.

Засега нема извештаи за жртви, но 23 рибари кои биле на отворено море не се вратиле во своите домови во четири места во провинцијата Катандуанес.

– Постои надеж дека се засолниле во некој залив или на некој околен остров, изјави регионалниот директор за цивилна одбрана Бернардо Алехандро.

Повеќе од осум илјади туристи не можат да си заминат од тоа подрачје, бидејќи е стопирано сообраќањето на траектите.

Повеќе училишта, вклучувајќи ги и тие во главниот град Манила се затворени, а неколку домашни летови се откажани.

Според прогнозите Утор денеска треба да мине преку главниот северен филипински осров Лусон, а утре треба да стигне во Јужното Кинеско Море во правец на Гуангдонг во Кина.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски