Федералната администрација на Белгија се подготвува за претседавањето со ЕУ за две години и бара над 200 нови соработници од разни области, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова денеска го јави државната новинска агенција, Белга. Белгија го презема кормилото на ЕУ во првите шест месеци од 2024, но нема доволно кадар.
Процедурата започната од страна на федералната администрација ќе трае до крајот на овој месец за да изнајде секакви корисни профили, но договорите за работа се сите привремени, меѓу седум и осумнаесет месеци.
По првата рунда селекција, администрацијата ќе бара поспецифични профили како правници, експерти по земјоделство, здравство и животна средина, велат од администрацијата, а се бараат и преведувачи, био-инженери, специјалисти по комуникација, финансии и администрација.
Кадрите се регрутираат во јавната администрација и државните институции.
Извор: МИА