Мишел морал во засолниште поради гранатирање на Одеса

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, бил принуден да се префрли во засолниште за време на неговата посета на Одеса поради ракетен напад врз тој украински град, јави германската новинска агенција ДПА.

Мишел за време на средбата со украинскиот премиер Денис Шмигаљ морале да заминат во засолниште поради гранатирање на тој регион.

Мишел ја посети Одеса за да го види влијанието на руската војна врз глобалните синџири на снабдување.

Украинската армија претходно денеска објави дека четири високопрецизни ракети Оникс биле истрелани кон Одеса од полуостровот Крим, што е под руска контрола.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мишел: Македонија има реална можност да напредува на патот кон ЕУ

Мишел по средбата со Вучиќ: Иднината на Србија е во ЕУ

Горан Наумовски

Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Руско дрон падна во Одеса, едно лице загина, три се повредени

Горан Наумовски

Мишел: Имаме договор за поддршка на Украина