Концерти и поетско–музичката манифестација вечер на Бит фест

Од:

Концертот „Популарни звуци на пијано“, промоцијата на монографијата „Животот е музика“ од академик Георги Здравев и  поетско–музичката манифестација „Засекогаш присутни“, се дел од вечерашната програма на Бит фест 2013.

Посетителите на Заводот и музеј ќе имаат можност да слушнат обработки на популарни балетски и оперски дела за дуо пијано во изведба на Татјана Божиновска и Билјана Димовска.

Дуото Димовска – Божиновска настапува неколку години и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Досега има одржано повеќе рецитали во Битола, Ресен, Охрид, Скопје, и има учествувано на фестивалите „Интерфест“, „Битфест“, „Златна лира“.

Академик Здравев е автор на повеќе учебници за средно и високо образование и повеќе книги од областа на музиката. Магистрирал и докторирал на Факултетот за учители во Битола каде бил редовен професор до своето пензионирање. Диригент е и организатор на повеќе опери и концерти со голем број познати солисти и оркестри во земјава и странство. Добитник е на голем број благодарници, признанија и награди за својот труд. Георги Здравев е академик во Светската академија Плато.

Вечерта ќе заврши со рок концерт на групата „Б-52“ во Завод и Музеј.

На Бит фест 2013, кој ќе трае уште 12 дена, во изминатиот месец и половина се реализирани повеќе од 170 културни содржини, а вкупниот број гости кои ги посетиле настаните надмина 55.000.

Би можело да ве интересира

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Галичник Филм Фестивал 2024: Прогласени победниците на петтото издание