Мета: Стоиме на страна на Украина со надеж за враќање на мирот во Европа

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета, честитајќи го 9 мај-Денот на Европа, ја нагласува поддршката на неговата земја за Украина и искажува надеж за враќање на мирот во Европа.

-Ние стоиме на страна на Украина со надеж за враќање на мирот во Европа што е можно поскоро. Денеска, на Денот на Европа, уште повеќе сме свесни за важноста на најголемиот политички проект за мир и единство околу вредностите кои гарантираат соживот на народите на нашиот континент, напиша Мета на Фејсбук.

Исто така смета дека треба да се вложат максимални напори за започнување на преговорите со ЕУ.

-Треба да вложуваме максимални напори за започнување на преговарачкиот процес што ќе ја придружува Албанија кон членството во нејзиното природно европско семејство, посочува Мета.

По повод Денот на Европа, куса порака на Фејсбук објави и премиерот Еди Рама, кој напиша: „Денеска нашиот континент Денот на Европа го одбележува под знакот на Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ