Велика Британија ги прошири санкциите за Русија и за Белорусија

Од:

Велика Британија ги прошири санкциите против Русија и Белорусија, кои вклучуваат повисоки царини за увоз на благородни метали од Русија и забрана за извоз на одредени британски производи, пишува Гардијан. Целта е да се зголеми економскиот притисок врз Москва поради војната во Украина.

Третиот пакет санкции беше објавен само неколку часа пред прославата на Денот на победата во Русија.

Најавата за санкциите дојде откако лидерите на Г7, вклучително и британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден, имаа видео-разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Санкциите се знак на поддршка за Украина пред парадата за Денот на победата во Кремљ.

Новиот пакет санкции вклучува 1,4 милијарди фунти британски увозни давачки, што значи граничниот данок што го плаќаат купувачите на стоката испорачана од Русија. Тоа ќе влијае на увозот на платина, паладиум, како и хемикалии од Русија. Одделот за меѓународна трговија соопшти дека Русија е силно зависна од Велика Британија за благородни метали и дека царинската тарифа ќе биде за 35 отсто повисока.

Владата, исто така, ќе го забрани извозот на стоки во вредност од повеќе од 250 милиони фунти во секторите каде што руската економија е најмногу зависна од производите на Велика Британија. Ова се однесува на хемикалии, пластика, гума и машини. Најновите мерки ја зголемуваат вкупната вредност на производите кои подлежат на целосни или делумни санкции на повеќе од 4 милијарди фунти.

Неодамнешните санкции беа насочени кон енергетскиот сектор, но вклучија и замрзнување на имотот на најголемата руска банка и санкции против луѓе и организации главно поврзани со руските медиуми.

„Овој далекосежен пакет санкции ќе направи дополнителна штета на руската воена машина“, рече Ан-Мари Тревелјан, британска секретарка за меѓународна трговија.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна